EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Кафе, лимонада и безалкохолни напитоци – никогаш на празен стомак

– Кафе, сокови од цитрус и друго свежо овошје, газирани пијалаци и лути зачини не треба да се внесуваат на празен стомак. Ова, според нутриционистката Ана Белоусова, членка на Националната асоцијација на нутриционисти на Русија.

– Исто така, треба да се откажете од лути зачини и сосови на празен стомак, бидејќи нивниот внос може да доведе до гастритис или чиреви. Може да појадувате сендвич наутро, важно е да го започнете денот со нешто хранливо во стомакот, советува Белоусова.

Според кажувањата, кофеинот го потиснува апетитот, па затоа кафето најдобро се консумира некое време после појадокот. Газираните пијалаци, особено слатките, се многу штетни на празен стомак, смета таа.

Честото пиење безалкохолни напивки на празен стомак, исто така, доведува до болести на системот за варење – како што се чиревите и гастритисот.

Свежите сокови и соковите од цитрус мора да се комбинираат со појадок, инаку и тие предизвикуваат дигестивни нарушувања.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

УЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувања

Angela

КАКО ЖИВЕЕШЕ ТАКА И УМРЕ – шокантна изјава на полубратот на Синан Сакиќ, „НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШТО УМРЕ“!

Angela

Секс пози во текот на бременоста

Angela