EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Светот на познатите Шоу биз

Кевин Костнер победи на суд, а ќе ѝ плаќа алиментација на екссопругата по 63.209 долари месечно

По големата медиумска и судска драма, и објавата за разводот помеѓу актерот Кевин Костнер и неговата сега веќе поранешна сопруга Кристин Баумгартнер, судот одлучил тој да плаќа алиментација во износ од 63.209 долари месечно.

Одлуката за висината на алиментацијата ја донел судија во Лос Анџелес. Како што пишува „ТМЗ“, актерот наводно пред судот рекол дека сака да им го пренесе целиот свој недвижен имот на неговите деца.

„Не кријам пари од мојата сопруга“, изјавил Костнер.

Пресудата и износот на алиментацијата му донесоа на Костнер мала победа бидејќи првичниот износ што се бараше од него да ѝ плаќа на сопругата беше 129.755 долари месечно.

Имено, сопругата барала уште поголема сума пари, поточно 175.057 долари, бидејќи според неа нивните три деца заслужуваат „да уживаат во животот“.

Кога месечната алиментација била намалена за 10.000 долари за време на судењето, таа се пожалила дека „луксузниот живот влегол во нивната ДНК и не можат да се откажат од него“.

Кристин доставила список со сите спортски и воннаставни активности за да докаже дека не само што „материјалните работи се важни“ за децата, туку дека се уште не можат да живеат без нив.

„Мораме да ги поддржуваме децата на ниво на богатството на Кевин, па дури и ако таа поддршка, финансиски, исто така го подобрува мојот животен стандард“, изјавила Кристин.

„Стандардот на живеење“ на Кристин Баумгартнер ја вклучува и куќата на Костнер вредна 145 милиони долари и луксузното патување со приватен авион.

Набргу по објавувањето на разводот, Кристин не сакала да го напушти домот во кој живеела со Костнер, а во официјалното барање поднесено до судот го обвинила дека тој сака таа да остане бездомник.

Во позадината на скандалозниот развод, пред конечната пресуда, Кристин Баумгартнер одмараше на Хаваи со близок пријател на актерот, банкарот Џош Конор, кој наводно и позајмил 20 илјади долари и во меѓувреме се развел од сопругата.

Таа сведочеше дека човекот со кој била фотографирана додека била на одмор на Хаваи ова лето, не било нејзино момче, пишува ТМЗ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ХОРОСКОП: Кои се вашите скриени желби?

Angela

Марјановиќ повторно на суд: Осуден е на 40 години затвор за убиство на пејачката Јелена, има жалби на пресудата

Angela

Црногорците „плакнат очи“ додека „вилицата им се кочи“ од жешката Сара Јо: Пејачката на јахта во бикини со „разиграни облини“ (ВИДЕО)

Angela