EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Кевин Костнер се разведува по 19 години брак: Се огласи актерот по тврдењата дека ја изневерил сопругата

Познатиот холивудски актер Кевин Костнер (68) и неговата 19 години помлада сопруга Кристин Баумгартнер се разведуваат по 19 години брак, а во медиумите се појавија бројни шпекулации за причините за разделбата.

Манекенката и дизајнерката поднела барање за развод, наведувајќи ги како причина „ненадминливите разлики“. Сепак, странските медиуми пренесуваат дека можноста за развод е неверство на актерот.

Имено, кружат гласини дека Кевин наводно ја изневерил сопругата со колешка од серијата „Јелоустоун“, но извор близок до актерот тоа го демантира.

-Кевин беше многу изненаден од постапките на Кристин, тој очигледно не сака развод и би ја вратил назад, изјави неименуван пријател на актерот за Page Six, а претставникот на Костнер, исто така, негираше какви било тврдења за неверство, велејќи дека тие се „апсолутно лажни“.

Двојката последен пат беше видена заедно во март, на доделувањето на Оскарите. Насмеани позираа пред камерите.

Парот има три деца – Кајден (15), Хејс (14) и Грејс (12), а и двајцата поднеле барање за заедничко старателство.

Ова е втор брак на актерот, од 1978 до 1994 година беше во брак со актерката Синди Силва (66), со која има и три деца, Ени (39), Лили (36) и Џои (35). Со Баумгартнер започна врска во 2000 година, а се венчаа во Аспен, Колорадо во 2004 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СТОПИРАНО РЕНОВИРАЊЕТО НА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА ЦЕЦА НА КИПАР – се вмешала и власта, се огласи и Вики Миљковиќ која е главен виновник за сè! (ФОТО)

Angela

„Те чекам во хотелска соба“, пораката на Наташа Беквалац заврши на погрешен број

Angela

БОМБА ОД ВИТАМИНИ: Совршена свежа салата со тиквички

Angela