EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Кејт Мидлтон ги восхити сите со стилот на крунисувањето на Чарлс: Раскошен фустан и посебен накит со симболика (ФОТО)

Кејт Мидлтон (41), идната британска кралица, пристигна на крунисувањето на кралот Чарлс (74) во придружба на нејзиниот сопруг Вилијам и двете од нејзините три деца.

Со неа беа нејзиниот најмлад син, принцот Луис и принцезата Шарлот, додека најстариот син, принцот Џорџ, имаше посебна задача. Имено, тој е едн од „помошниците“ во крунисувањето на деде му – му ја држи наметките на кралот додека влегуваат и излегуваат од Вестминстерската опатија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Британските медиуми пишуваат дека тоа било желба на принцот Вилијам (40). Лично тој сакал Џорџ да ја има таа улога, со оглед на тоа што тој е наследник.

Што се однесува до Кејт, таа пристигна во тоалета на Александар Меквин во боја на слонова коска со прекрасни цветни везови, а многумина се согласуваат дека никогаш не била поубава од денес.

Мидлтон за оваа прилика одбра обетки од бисер и дијамант што ѝ припаѓале на Дијана, принцезата од Велс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dailydose.of.royal

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сонот може да ви предизвика срцев и мозочен удар: Како да го спречите?

Angela

ВИКЕНДОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК – иако ќе имаме големо разочарување за споениот викенд, сепак ни доаѓа највисоката температура досега!

Angela

Заштитете се од манипулатори: Психолозите ги предлагаат овие тактики

Angela