EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА Светот на познатите

Ким Кардашијан носи малер кога оди на стадион?

Популарната Ким Кардашијан се прошета низ Европа и во четири дена посети два фудбалски натпревара, кои против сите логики на обложувалниците завршија со радост на гостинските екипи.

Во Лондон, таа го однесе својот 7-годишен син Сеинт Вест на трибините за да го гледа дуелот на Арсенал и Спортинг, при што домашниот тим по изведување пенали беше елиминиран од натамошното учество во Европа лигата, откако во регуларниот дел беше одиграно 1:1.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arsenal (@arsenal)

 

 

 

 

Три дена подоцна, гостите беа дочекани на висока нога од раководството на Пари Сен Жермен, односно Насер Ал Келаифи, а во неофицијалниот дел се запознале и со Килијан Мбапе. Сепак, не им донесоа среќа, бидејќи во мечот од националното првенство, ПСЖ загуби од Рен со 0:2. Оваа година тие во 13 средби имале 11 победи и 2 нерешени, а овој пораз им ја прекинува серијата на домашен терен која трае од април 2021 година. Исто така, и Лео Меси со настапот на овој меч го прекина рекордниот учинок, да нема пораз со ПСЖ на домашен терен.

Сето ова не остана незабележано од светските медиуми, па така британското издание на ЕСПН со иронија констатираше дека таа го „заменила“ раперот Дрејк, кој претходно имаше слични „постигнувања“ со оние кои ги бодреше.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дали постои пријателството со бенефиции

Angela

Британски проект ќе придонесе за следење на резултатите од работата на јавните обвинителства

Angela

Дневен хороскоп за петок, 8 септември 2023 година

Angela