EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Наука - новости Свет ТЕХНОЛОГИЈА

Кина го произведе најголемиот четириножен робот

Кина го произведе најголемиот електричен робот со четири нозе во светот. Станува збор за бионички робот кој е дел од напорите што на земјата – до 2025 година да стане глобален лидер во роботиката, но и во воената технологија, објави кинески „Глобал тајмс“.

Иако има огромна маса, направата може да се движи напред-назад, да се врти и да оди дијагонално. Покрај тоа, може да трча и да скока благодарение на 12 комплети артикулирани модули. Овој тн. „механички јак“ е опремен и со сензори за навигација по теренот во неговата околина и може да се прилагоди на различни видови тло, како што се стрмнини, карпи, калливи патишта, пустина, снег и друго.

Вредна за спомнување е и можноста за вооружување на роботот.

Роботот може да носи до 160 кг. товар и да достигне брзина од 10 км/ч. Се очекува да се користи извидување во тешко пристапни средини за луѓето, како што се оддалечените погранични региони и воените зони со висок ризик.

„Механичкиот јак“ може да собере и тактички информации од бојно поле. Покрај тоа, роботот може да се користи и за транспорт на опрема, муниција и храна на различни места.

Кина разви и робот-куче наречено Геда, кое тежи 32 килограми и носи околу 40 кг. товар. Програмиран е за едноставни човечки гласовни команди и користи технологија за препознавање лице. Оваа далекуисточна земја, исто така неодамна, претстави три воени бродови, во само еден ден. А, во развој се и хиперсонични ракети.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

(ВИДЕО) Химната на Вардар во сабота ќе ечи од гласот на Марија Спасовска

Angela

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Angela

Луѓето родени во мај се поделени во 4 групи: Еве кои особини ги красат и каков живот живеат

Angela