Наједноставните решенија понекогаш се и најдобри. Овој рецепт може многу лесно да го подготвите, не претставува речиси никаков трошок, а може навистина многу да ви помогне.
Го алкализира телото
Сокот од компири е базен па затоа може да помогне во воспоставување на кисело-базна рамнотежа на организмот, што е особено важно за нас бидејќи начинот на исхрана кој денес го практикуваме предизвикува нашето тело секогаш да тежнее кон киселост.
Помага против гихт
Сокот од компири го намалува нивото на мочната (уричната) киселина и со самото тоа помага против гихт.
Има противвоспалително дејство
Поради ваквото дејство овој сок може да помогне кај артритис и други облици на воспалителни процеси, посебно кај зглобовите, но и при болки во грбот. Исто така, сокот од компири ја поттикнува циркулацијата во сите телови на телото.
Ја чисти кожата
Сокот од компири има смирувачко дејство на егземите, па дури и на акните и помага да се исчисти кожата.