EXCLUSIVE MK
Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Кога треба да ги смените фенот, пеглата за коса, фигарото…

Електричните апарати кои ги користите за нега на коса имаат рок на траење. Со правилна грижа, ќе успеете максимално да ги искористите, но ако се однесувате неодговорно, тој рок е многу пократок.

Просечен работен век на еден фен за коса е 800 часови работа, додека фигарата и пресите имаат просек од 500 до 1000 часови, во зависност од самиот апарат.

Дека нешто не е во ред ќе забележите доколку премногу загреваат, не ја остваруваат намената, физички се оштетени, испуштаат непријатен мирис на изгорено и ви ја оштетуваат косата повеќе отколку што се очекува. Ако апаратот грее премногу или премалку, тоа е јасен знак дека не е во ред и дека не е ефикасен како кога сте го купиле.

Воедно, неисправни апарати можат да бидат и опасност, бидејќи постои ризик од горење и експлодирање.

Затоа треба да внимавате фенот редовно да е исчистен од насобраните влакна и прашина. Пресата и фигарото треба да бидат чисти. Чувајте ги на чисти места, за да избегнете полнење со влага и прашина. Најважно, следете ги упатствата на производителот за правилно чување и одржување.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Произведена паметна светилка која сигнализира пад на стари лица

Angela

OSIRIS-REx ќе го посети астероидот за кој мислевме дека ќе ја удри Земјата

Angela

Неверојатни факти за Сонцето

Angela