EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Кое е значењето и симболиката на Велика Сабота?

Ден за покој, ден помеѓу смртта и воскресението што ги спојува распнувањето и радоста, православните христијани денеска го одбележуваат празникот Велика Сабота.

Верниците се во исчекување на денот на свештен трепет пред Воскресението Христово. Рано утринава, свечената литургија во црквата св. Наум Охридски во скопско Радишани ја чествуваше поглаварот на Македонската Православна Црква Г.Г Стефан.

Како и во минатото така и оваа година беше организирана света причест како дел од верските ритуали кои за православните верници значат примање на телото и крвта Исусова, и зачекорување во вечен живот

Граѓаните ги прават последните подготовки за најголемиот празник- Христовото воскресение Велигден… Годинава си посакаа мир, спокој и хармонија во домовите на семејствата..

Вечерва, точно на полноќ, камбаните ќе го означат воскреснувањето на Исус, а главната церемонија ќе се оддржи во Соборниот Храм Св.Климент Охридски во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Автомобил влета во куќа во изградба

Angela

Време: Сончево и топло до 38 степени, со слаб до умерен ветер од северен правец

Angela

Со себе носете чадор – празнична временска прогноза

Angela