Со текот на годините мозокот почнува да трпи промени и да се појавува ризик од многу болести меѓу кои и Алцхајмер, а тој ризик нагло се зголемува во текот на 40-те години од животот.
За мозокот да може да ги обновува клетките, неопходно е правилно да се храните.
Доколку во организмот не внесувате неопходни минерали и витамини поголема е шансата тој ризик нагло да се зголеми и тоа по 40-та година од животот.
Храна која е одговорна за доброто здравје на мозокот:
Цинк – ги подобрува менталните перформанси и крвта, а исто така спречува и некои нервни болести.
Калциум – тој е неопходен за процесот како хематопоеза, а исто така спречува и влегување на патогени во крвотокот и поради тоа штити од инфекции. Калциумот во големи количини се наоѓа во јаболката, кајсиите, зелката, морковите, вишните, краставиците, грозјето, зелениот зеленчук, бадемите, праските, ананасот…
Железо – го обезбедува потребното ниво на хемоглобинот во крвта, а без него виталните процеси во ткивата на мозокот се невозможни. Железото го има во гравот, вишните, зелката, зелениот зеленчук, сенфот, портокалите, ананасот, доматот, оризот…
Магнезиум – тој е неопходен за нормално функционирање на нервниот систем и превенција од нервни болести, несоница, главоболка, депресија. Магнезиумот го има во бадемите, зелената салата, маслинки, кикиритки, компир, тиква, сливи, ореви…