EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Кои се здравстврните придобивки од јадење две банани на ден

Една студија покажа дека две банани може да ви дадат доволно енергија за до 90 минути напорни вежби. Ова е причината зошто бананите се омилените плодови на многу спортисти.

Покрај тоа, во споредба со јаболката, бананата содржи три пати повеќе фосфор, два пати повеќе јаглехидрати, пет пати повеќе витамин А и железо и четири пати повеќе протеини и два пати повеќе други витамини и минерали.

Бананите се користат како природен лек за цревни проблеми, воглавно заради мекиот состав. Тие имаат способност да ја обложат слузницата на желудникот и на тој начин да ја намалат иритацијата и киселоста.

Анемија: Поради високото ниво на железо, редовното внесување на банани може да помогне и при анемија. Железото го стимулира произвотството на крвни клетки, а со тоа се зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

ПМС: Бананите се богат извор на витамин Б6, кој има способност да го регулира нивото на шеќерот во крвта и подобрување на вашето расположение.

Крвен притисок: Б ананата е богата со калциум и содржи малку сол, што ја прави совршена за здрав крвен притисок. Потврдено е дека бананите имаат способност да го намалат крвниот притисок и штитат од мозочен удар.

Контрола на температурата: Поради својот природен ефект на ладење, во Тајланд и во многу други култури низ светот, бананите се користат за да се намали температурата на бремените.

Горушица: Бананите се природни антациди кои можат да помогнат со горушица. Потрена е само една банана за смирување на симптомите на горушица во моментот.

Депресија: Бананите се богати со триптофан, кој се претвора во серотонин, неуротрансмитер кој помага да се опуштите, да го подобрите расположението и може да ви помогне да ја надминете депресијата. Според една студија, многу луѓе кои страдаат од депресија доживуваат значително подобрување по конзумирање на банани.

Запек: Бананите стимулираат редовно празнење на цревата и ослободуваат од опстипација поради високото ниво на влакна кое го содржат.

Мамурлук: Бананите исто така може да бидат од голема помош во случај на мамурлук, особено ако се измешаат со мед и млеко.

Каснување од комарец: Бананите се корисни и во случај на каснување од комарец. Потребно е на загрозеното место да намачкате од внатрешноста на кожата од бананата. Тоа брзо ќе го намали отокот и иритацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Љубовта им дава сила: Овие хороскопски знаци брзо се вљубуваат

Angela

Паѓа увозот на половни возила – рекорден број на нови возила

Angela

Угина најстариот бел носорог на светот

Angela