EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Кои се најљубоморните хороскопски знаци?

Ниту еден човек не е целосно имун на љубомората, но има некои луѓе кои се пољубоморни од другите. Што велат астролозите на оваа тема, односно кои се најљубоморни меѓу хороскопските знаци?

 

Лав

 

Лавовите се неверојатно горди: ако се посомневаат во својот партнер, нема да се помират со таа состојба. За нив е многу важно да почувствуваат дека се единствени во животите на своите партнери. Иако имаат висока самодоверба, можат да се посомневаат и неосновано да го обвинат партнерот. Наклонети се кон натпреварување во пријателството и кариерата.

Скорпија

Тие се дефинитивно високо на листата на најљубоморни хороскопски знаци. Дури и безначаен комплимент кон некој друг може да се смета за предавство. Скорпиите се моногамни личности и бараат подеднаква посветеност од партнерите. Често избираат успешни и харизматични мажи, но можат да бидат љубоморни на нивните достигнувања, работни патувања и нивното отсуство. Од друга страна, нивната огнена природа ги привлекува другите, затоа што се бистри, страствени и емотивни.

Риби

Иако се чини дека го немаат истиот огнен темперамент како Лавовите и Скорпиите, тие се многу емотивни и чувствителни, но и непредвидливи, па љубомората може да се создаде од многу причини, понекогаш и неочекувани. Нивното расположение се менува брзо, знаат малку да претеруваат и да бидат сомничави. Тие не се секогаш целосно сигурни во себе, па секое отстапување на партнерите може да го толкуваат како неверство. Но, вниманието, нежноста и вистинските зборови лесно ќе им го вратат доброто расположение.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Бугарски обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците

Angela

Трогнат од судбината на жителите на Украина: Јапонец отвори бесплатен ресторан во Харков

Angela

Најстарата баба во Ирска го прослави 109-от роденден во автобус: Ова се нејзините два клучни совети за долг и добар живот!

Angela