EXCLUSIVE MK
Економија

КОЛКУ Е ЧУВСТВИТЕЛЕН ПАЗАРОТ: Се огласи Маск и пак тргна нагоре цената на биткоин

Биткоинот, најпознатата криптовалута се тргува по цена од 32.193 долари денеска, а во последните 24 часа е забележан раст од 4,2 проценти. Растот доаѓа по изјавата на Илон Маск дека Тесла најверојатно повторно ќе започне да прифаќа биткоин како средство за плаќање, кога ќе изврши длабинска анализа на количината на обновливи извори на енергија што се користат „за ископување“ на таа валута.

Тој предизвика пад на цените на биткоинот во мај, кога рече дека неговата компанија ќе престане да прифаќа криптовалути како средство за плаќање, бидејќи огромни количини на електрична енергија, претежно произведена од фосилни горива, се користат во „рударењето“ на биткоин, потсетува британскиот весник „Гардијан“.

Сепак, коментарите на Маск на вчерашната конференција предизвикаа скок од осум проценти на биткоинот на 32.160 долари.

Ethereum исто така се опорави. Во моментов се тргува по 1.995 американски долари, што е пораст од 6,3 проценти во последните 24 часа.

Останатите криптовалути на пазарот исто така бележат подобри резултати.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Познат точниот датум за локалните избори

Angela

Заборавете на пазарување со пластични кеси од 1 декември

Angela

Потрошувачите во Централна Европа сè почесто користат безготовинско плаќање

Angela