EXCLUSIVE MK
Автомобили НАСЛОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Колку изнесува казната за непоседување зимска опрема во возилото?

Веќе е време да почнете да размилувате за зимската опрема на своите возила.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, започнува на 15. ноември, а ќе трае сѐ до 15 март следната година.

Во согласност со член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. На секој возач што постапува спротивно на одредбите од овој член од Законот, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови, .

Зимски пневматици се оние што на својата бочна страна имаат ознака: MS, M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Според законските одредби и Правилникот задолжителна зимска опрема, моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4мм или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Моторните возила со погон на сите тркала (4х4) треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или летни пневматици со минимална длабочина од 4мм доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина, во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

Возилата кои имаат маса над 3.500 кг треба да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците. Автобусите и товарните возила кои не можат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ќе се смеете до солзи, приказна која се чита во 1 минута

Angela

Умерено облачно со температури до 16 степени

Angela

Инфлацијата ја опфати и е-трговијата на мало

Angela