EXCLUSIVE MK
Љубов и интима НАСЛОВНА

Колку минути во просек се потребни за добар секс?

Судејќи според резултатите од различни истражувања, сексот е една од работите во кои слоганот „колку подолго, толку подобро“ дефинитивно не важи, туку „се што е добро, кратко трае “.

Според MindBodyGreen, односот трае околу 5,4 минути пред мажот да заврши, според студијата на хетеросексуални двојки од пет различни земји.

Според истражувањето на сексуални терапевти, три до 13 минути се сметаат за нормално времетраење на секс. Покрај тоа, на просечната жена и требаат околу 13 минути за да доживее оргазам за време на сексот со мажи, а покрај тоа и се потребни и други активности – не само пенетрација.

Парови во долгогодишните врски откриле дека нивната предигра трае 11 или 13 минути, а сексот во просек по седум. Исклучок од ова правило може да бидат жените кои имаат секс со жени. Една студија од 2014 година покажала дека просечното време на секс е 30 до 45 минути кај жените во истополови врски, и во споредба со 15 до 30 минути за мешани врски и врски меѓу мажи.

Не постои одредено време со кое сигурно ќе постигнете добар оргазам и поради што на крајот ќе можете да кажете дека сексот бил одличен.

Сепак, сексуалните терапевти велат дека постои просек кој се покажал како добар за двете страни, а тоа е 7 до 13 минути. Една до две минути се сметаат за премногу кратки, три до седум минути се соодветни, а 15 до 30 минути се сметаат за премногу долги. Сите бројки, се разбира, варираат од личност до личност.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ТАА Е МОНСТРУМ ТВРДИ МАЈКАТА НА ЛЕГЕНДАТА: Вака изгледа 30 години подоцна манекенката која на денешен ден го однесе Дражен Петровиќ во смрт! (ФОТО)

Angela

Совршено за оние кои го мразат вежбањето: 12-3-30 трендот го полуде ТикТок

Angela

Дали знаевте: Како темјанот и мирисите влијаат на телото и умот

Angela