EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Колку често и како да ги перете фармерките, одговорот на дизајнерите ќе ве изненади

Тексасот бил измислен пред повеќе од 150 години. Директорот за дизајн на Левис, Пол О’Нил, објасни колку често фармерките треба да се перат.

За странските медиуми тој објасни дека фармерките треба да се перат во студена вода за да не избледе бојата, но и циклусот на центрифугирање да не биде премногу силен. Исто така, уште еден совет – никогаш не ги сушете во машина за сушење!

– Колку почесто го перете тексасот, толку посветол ќе биде, рече тој.

Мери Лон Рајан која е ко-основач на брендот за облека „Bassike“ вели фармерките да се перат само кога е потребно и со мала количина благ детергент.

– Ги перам превртени наопаку за да ги заштитам надворешните влакна, на нежен циклус, доколку имаат дамка, објаснува Мери.

Од друга страна, стилистката Џејн Херман смета дека вие сте единствената личност која може да одлучи колку често треба да ги перете фармерките. Советите на оваа блогерка се слични на оние на другите експерти: студена вода, мала количина благ детергент и „сушење на сонце до крај“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Совети за јакнење на имунитетот во есен и зима

Angela

НЕ ДАЈ БОЖЕ НЕКОЈ ДА ГО ЗАКОПА СВОЕТО ДЕТЕ – пејачката и колешка на Беговиќ во неверување, потресена по трагедијата едвај го изусти ова!

Angela

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ – утрово на овие места се уште врне снег без престан од вчера вечерта

Angela