EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Колку чини да го изнајмите Роналдо на два-три часа: Еве колку би го платиле дружењето со најпознатиот фудбалер во светот

Роналдо несомнено е најплатениот фудбалер во светот откако потпиша договор со „Ал Наср“ вреден 200 милиони евра годишно. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид целосно го трансформираше начинот на кој жителите на Блискиот Исток гледаат на фудбалот од неговото доаѓање. Моментално заработува 580.000 евра дневно, а за да се дружите со славниот Португалец – треба да платите.

Новинарите на германскиот весник „Дер Шпигел“ открија колку чини да се изнајми Роналдо на неколку часа. Тие наведуваат дека „Мобили“, саудиската телекомуникациска компанија направила договор со компанијата задолжена за правата и застапништвото на Роналдо, според кој компанијата го изнајмила Роналдо на четири ипол часа. За време на тој период, спортистот се фотографирал, потпишувал дресови и направил две објави на социјалните мрежи. Услугата чинела два милиони евра.

Откако се преселил во Ријад, Роналдо и неговата придружба, вклучувајќи го семејството и пријателите, вработените и обезбедувањето, се сместиле во хотелот „Фор Сизн“ каде изнајмиле 17 соби.

Според медиумите, Роналдо плаќал 280.000 евра месечно за хотелот, но тој и неговиот тим подоцна се преселиле во ексклузивен комплекс со силно обезбедување и лесен пристап до ресторани, продавници, спортски сали и други содржини.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ВИДЕО: ФИФА го претстави логото за Мундијалот во 2026 година

Angela

Уметноста на вештачката интелигенција не може да се заштити со авторските права, според суд во САД

Angela

Дневен хороскоп – овој знак го очекува финансиска помош од пријател од странство, а овој знак го очекуваат пеперутки во стомакот

Angela