EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Компир палачинки полнети со мелено месо: Солено чудо на кое секогаш ќе му се враќате

Денеска ви претставуваме едноставен рецепт за малку поинакви палачинки, идеални за вкусна вечера.

Потребни состојки:

– 7 компири

– 1 главица кромид

– 500 гр. јунешко мелено месо

– 25 гр. путер

– 160 гр. брашно

– 1 јајце

– сол и бибер

– малку масло за јадење

Начин на припрема:

1. Исечкајте ги компирите на коцки и ставете ги да се сварат.

2. По варењето, исцедете ги и изгмечете ги, а потоа во нив додајте ги јајцето, путерот, брашното, солта и биберот.

3. Во тава на оган пропржете го кромидот, а потоа додајте го меленото месо. Додајте сол, бибер и други зачини по желба.

4. Од тестото направете мали палачинки, а потоа на секоја од нив додајте по една лажица од прженото мелено месо.

5. Затворете ги и израмнете ја нивната површина за да добијат облик на полнето тесто.

6. Вака подготвените палачинки пржете ги во тава на која сте ставиле малку масло за јадење.

Погледнете ја целата постапка:

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Три хороскопски знаци кои ги очекува најголема среќа летово: Во љубовта ќе им цветаат рози, а пари – никогаш повеќе

Angela

Ако вложевте 1.000 долари во Биткоин пред 10 години, еве колку пари ќе имавте сега

Angela

Занимливи знаци кои потврдуваат дека партнерот повеќе не ве привлекува

Angela