EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Која е Бруна Бјанкарди, девојката со која Нејмар ќе има дете, врската ја криеја од јавноста

Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди неодамна открија дека ќе добијат дете, па нивната љубовна врска повторно го привлече интересот на јавноста.

Бруна има 29 години и е родена во Сао Паоло. Студирала маркетинг. Се занимавала со манекенство, а потоа решила да биде инфлуенсер. Рекламира луксузни модни брендови, вклучувајќи го и Луј Витон. Нејзиното богатство се проценува на речиси два милиони долари.

Таа го запознала Нејмар во 2020 година и набрзо започнале врска која од почетокот ја криеја. Сепак, нејзините чести патувања во Париз предизвикаа се погласни гласини дека се заедно.

Во август 2021 година беа фотографирани на Ибица, а на почетокот на 2022 година ги известија фановите дека се во врска. Раскинаа минатиот август, но набрзо се смирија.

Моментално живеат на релација Бразил и Париз. Во Бразил имаат луксузна вила вредна повеќе од три милиони долари. Нејмар ја купи поранешната куќа на холивудскиот актер Жерар Депардје во Париз. Бразилскиот фудбалер поседува и два авиони, Phenom 100 и Cessna Citation 680.

Нејмар го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со Каролина Дантас.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп – овој знак го очекува напнат и стресен ден, а еве што ги очекува на љубовен план родените во овој знак!

Angela

Тој е генерација на нејзините синови: Овој маж ја љуби Лидија Вукичевиќ (ФОТО)

Angela

Кина им забрани на децата да играат видеоигри повеќе од 3 часа неделно

Angela