Лорин е веќе добро познато име, не само во родната Шведска, туку и меѓу евровизиските фанови, а на Евровизија веќе победи во 2012 година кога ја изведе песната Еуфорија. Таа се споменуваше како фаворитка на годинешниот натпревар практично уште откако победи на шведскиот натпревар за песна на Евровизија.
39-годишна Швеѓанка чие вистинско име е Лорине Зинеб Нора Талхауи, е ѕвезда на шведската музичка сцена откако се најде во центарот на вниманието во 2004 година, кога заврши на четвртото место во шведската верзија на шоуто за таленти Идол.
View this post on Instagram
Следната година, таа го издаде својот прв сингл, “The Snake” со бендот Роб’н’Раз и стана телевизиска водителка на ТВ400. Потоа работеше како продуцентка и режисерка на неколку шведски реални ТВ-шоуа.
Таа за прв пат се натпреваруваше за Евровизија во 2011 година на Мелодифестивален со песната „My Heart Is Refusing Me”. Тоа беше нејзино прво појавување во јавноста по речиси осум години отсуство по учеството во Идол. Тогаш во второто полуфинале заврши четврта, но не се пласираше во финалето по „дуелот“ со Сара Варга. Сепак, по официјалното објавување на синглот, песната стана хит во Шведска и подоцна беше повторно објавена на нејзиниот деби албум насловен Heal во 2012 година.
Нејзиниот втор хит од тој албум беше „Crying Out Your Name“ кој беше многу популарен во Шведска.
View this post on Instagram
Една година подоцна, нејзината голема победа дојде на Евровизија 2012. Во првото полуфинале на Мелодифестивален, Лорин отиде директно во финалето и ја претставуваше Шведска во Баку со песната „Еуфорија“. Песната победи на натпреварот со вкупно 372 поени од 40 земји.
Оваа година таа повторно се пријави и победи со песната „Тетоважа“, која по победата на Мелодифестивален се издигна на врвот на шведските топ листи. Оттогаш, Лорин влезе на топ листите на вкупно 14 земји, вклучувајќи ги Белгија, Исланд, Холандија, Грција и Швајцарија.
40 годишната Лорин е родена во Стокхолм, Шведска, во 1983 година од родители имигранти од Мароко, а израсната е во либерално муслиманско семејство.
View this post on Instagram
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, таа беше во врска со победникот на „Идол 2004“, Даниел Линдстром помеѓу 2004 и 2006 година.
На почетокот на 2017 година, Лорин се изјасни како бисексуалка. Таа не е мажена и нема деца.