EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Кој дал оставка или е разрешен, нема да добие апанажа!

Функционерите во Македонија имаат право плата по престанувањето на функцијата за време до една година, и тоа: ако функцијата ја вршел до шест месеци – плата во следните три месеци; ако функцијата ја вршел од шест месеци и еден ден до 12 месеци – плата во следните шест месеци;  ако функцијата ја вршел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци – плата во следните девет месеци; и ако функцијата ја вршел 24 месеци и еден ден и повеќе – плата во следните 12 месеци.

Ова право им го гарантира членот 19 од Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните функционери, но со одлука на Уставниот суд, се укина член 22, кој предвидуваше дека „пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има сите права од член 19 на законот“.

Според Уставниот суд, овој законски член не е во согласност со владеењето на правото. Уставните судии сметале дека овој член од законот нема оправданост, бидејќи до оставка или до разрешување доаѓа поради некаков вид одговорност со вршењето на функцијата и оттаму лицето нема ниту право на иден паричен надоместок.

Со ваквата одлука, престанува да важи претходниот акт, односно овие лица веќе нема да имаат право на апанажа, односно право на паричен надоместок.

Одлуката на Уставниот суд е конечна и ќе стапи во сила по објавувањето во „Службен весник“.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во Македонија се јаде најмалку месо од цела Европа!

Angela

Анастасија во петтиот месец од бременоста изгледа поубаво од било кога – го прегрна Гудељ, а глетката ги стопи следбениците (ФОТО)

Angela

Ал Пачино повторно ќе стане татко на 83 години, неговата девојка (29) е во осмиот месец од бременоста

Angela