EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Кој е највалканиот дел од телото?

Редовното капење е составен дел од основната хигиена, но и оние кои го прават тоа повеќепати од потребното, понекогаш не се имуни на штетни бактерии. Еден дел од телото се смета за највалкан, затоа што луѓето му обрнуваат многу малку внимание – папокот. Неговата хигиена не треба да се занемарува, а обично не му е доволно само едноставно туширање.

Истражувањата покажуваат дека над 60 различни видови бактерии можат да се насоберат во папокот и неговите набори.

– Тука може да се акумулира пот, мртви клетки на кожата, маснотии, остатоци од ткива, бактерии и сѐ тоа се претвора во папочен камен или тн. омфалитис. Овој кластер може да биде во разни бои, а најчесто е црн или светло кафен, објаснува д-р Карен Рајан.

Папокот треба да се чисти при секое капење – нежно, со прстите и со вода, без да се повредите, бидејќи раните на папокот прилично тешко зараснуваат. Во случај на невообичаена состојба со папокот, се препорачува консултација и помош од дерматолог или општ лекар.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кралица на бакшишот: Оваа балканска пејачка само за една песна доби половина милион евра (ФОТО)

Angela

Работи кои не треба да ги правите пред и после сексот

Angela

Ако сакате бањата секогаш добро да ви мириса, пробајте го овој трик

Angela