EXCLUSIVE MK
Занимливости

Кралот Чарлс го одбра официјалното јадење за крунисувањето

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила го избраа официјалното јадење на свечената прослава на неговото крунисување. Тоа ќе биде – киш (на француски: quiche) – солена пита од ровко тесто.

На интернет-страницата на кралското семејство, свеченото јадење е опишано како „киш со крцкаво, лесно тесто и деликатни вкусови на спанаќ, повеќе видови грав и свеж естрагон“.

Кралот и кралицата го споделија рецептот на својот официјален Твитер-профил. Оригиналната замисла, инаку, била на кралскиот готвач Марк Фланаган и избрана од Чарлс и Камила во соработка со него. Поранешниот готвач во Бакингемската палата – Дарен Мекгрејди рече дека изборот на кралот не е изненадување, бидејќи Чарлс сака сѐ што содржи јајца и сирење.

Бакингемската палата соопшти дека кишот е избран затоа што може да се служи и топло и ладно, одговара на широк спектар на барања и вкусови и е лесно прилагодлив. Според наводите, една предност е и тоа што не е премногу сложен и не налага скапи или тешко достапни состојки.

За крунисувањето на покојната кралица Елизабета Втора во 1953 година, ладното пилешко во крем-сос од кари беше послужено со добро зачинета салата од ориз, зелен грашок и мешани билки, а наменето за гостите на забавата во палатата по свеченоста.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Џиновско јапонско грозје се продава по цена од 10.000 долари за килограм

Angela

Што кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?

Angela

Јапонците им бараат брачни партнери на своите деца

Angela