EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Кратко им траеше љубовта – се разведуваат Винсент Касел и манекенката, Тина е со скршено срце

Францускиот актер Винсент Касел ненадејно ги избришал сите фотографии од својата млада сопруга Тина Кунаки од социјалните мрежи, а овој потег предизвика многу шпекулации дека парот ставил крај на нивниот брак по пет години заедно.

56- годишниот актер и 30 години помладата убава манекенка се венчаа во 2018 година, две години откако почнаа да се забавуваат, а во април 2019 година ја добија ќерката Амазонија.

„Тие раскинаа пред неколку недели. Тина е со скршено срце”, рекол извор за Daily Mail.

Касел претходно редовно објавуваше заеднички фотографии со Тина, па дури и такви на кои таа е сама пишуваше емотивни пораки, но сега и младата убавица не споделува ништо за својот сопруг на социјалните мрежи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Почнуваат велигденските празнувања

Angela

Позната е причината за смртта на Саша Видиќ, нема да се прави обдукција

Angela

Обетки од 12 евра и фустан во стилот на Дајана: Кејт Мидлтон воодушеви со нејзиното ново појавување!

Angela