EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Крај на нивната ера во Британија: Хари и Меган ги вратија клучевите од куќата Фрогмор

Принцот Хари и неговата сопруга Меган го напуштија поранешниот дом Фрогмор на имотот Виндзор, кој го користеа за време на нивната посета на Велика Британија, потврди денеска Бакингемската палата.

Војводата и војвотката од Сасекс беа замолени да ја напуштат куќата минатиот март, по објавувањето на биографија на принцот Хари во јануари.

„Фрогмор“, куќа од повеќе од 400 квадратни метри и припаѓа на британската круна, а на брачната двојка и беше понудена од кралицата Елизабета Втора за нивната венчавка во 2019 година.

Хари и Меган живеат во Калифорнија откако се повлекоа од кралските должности во 2020 година.

Според британскиот печат, претходен договор им овозможил да го користат Фрогмор во текот на целата година. Но, тие биле таму исклучително ретко откако се преселиле во САД.

-Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс го напуштија Фрогмор, рече функционерот за финансии на кралот Мајкл Стивенс по повод објавувањето на годишните трошоци на монархијата.

Палатата одби да каже кој би можел да се всели во куќата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ми се додворуваат момчиња колку мојот син, не ме интересираат парите кај мажите, еве што уште сака Дара Бубамара

Angela

Еве што ќе ви се случи ако престанете да имате редовен секс

Angela

ДЗС: Досега се попишани 711 418 граѓани

Angela