EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Црна хроника

Кумановец заработи кривична пријава за измама тешка половина милион денари

Четириесетгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело „измама“ тешка над половина милион денари.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 28.07.2021, пријавениот го довел во заблуда Н.В. дека ќе му изгради викенд куќа во селото Јастребник, за што на 06.08.2021 склучиле договор заверен кај нотар.

– По ова, Н.В. му исплатил во два наврата 400.000 денари и 128.400 денари, за што му бил даден документ „каса исплати“, а пријавениот сѐ уште не започнал со работа според договореното, причинувајќи му материјална штета од 528.400 денари, стои во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МОН: Од 1ви до 31ви октомври втор рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Angela

Англиски замок од 13 век се продава за 11 милиони фунти

Angela

Над триста возачи казнети за брзо возење и непрописно претекнување

Angela