EXCLUSIVE MK
Кошарка НАСЛОВНА СПОРТ

КФСМ зголеми број на странци кај жените, следни се мажите?

Собранието на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) на последната седница донесе ново правило за женската кошарка и го зголеми бројот на странци во македонскиот кошаркарски шампионат.

Дамите до лани можеа да регистрираат по три странски имиња, но од оваа сезона можностите ќе им бидат четири имиња кои не доаѓаат од нашата земја. Одлуката на КФСМ е донесена на Собранието кое се одржа на 15 септември.

По оваа одлука, дамите се изедначија со мажите по бројот на странци. Но, можно е да има и нова промена, затоа што дел од клубовите во машкиот мак-баскет побараа од КФСМ да го зголемат бројот на странци од четири на пет имиња.

Последен пат промена во машкиот баскет имаше во 2017 година, кога под водство на претседателот Петар Наумоски се намали бројот на странци на домашната сцена.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Живее во луксузен стан кој многумина го посакуваат – ова е оазата на мирот на водителката на „Ѕвездите на гранд“ Сања Кужет (ФОТО)

Angela

Ќе започне ли употребата на биоразградливите кеси од 15 денари од среда?

Angela

Шварценегер откри детали за неверството: Сè се дозна кога детето почна да личи на мене – цело семејство беше скршено

Angela