Најголемото и најмоќно Ламборџини штотуку заплови по Медитеранот.
Ова е прв во серијата бродови што Текномар ги гради за Ламборџини. Не треба да се биде познавач за да го препознаете потписот на Ламборџини на овој прекрасен брод. Оние што се поупатени, исто така, ќе видат врска до одделни автомобили, како што се Sian FKP 37 или Terzo Millennio. Како и да е, ова е Ламборџини однадвор и внатре, со изобилство луксуз како што прилега на моделот од светска класа во наутиката.
Tешко е да се набројат сите особености на јахтата, но секако вреди да се споменат конзолниот покрив и проѕирните панели на страна. Внатре, тешко е да се каже дали кокпитот со истакнато капетанско место изгледа попривлечно, или во спална соба со лифт инспириран токму од автомобилите Ламборџини.
Бродот се напојува со два V12 мотори со комбинирана моќност од 4000 КС. Тоа е доволно за брзина од 60 јазли или околу 111 км / ч. Со малку посмирени 40 јазли (74 км / ч), опсегот е 210 наутички милји или околу 390 км.
Точната цена за првата копија не е позната, но се знае дека новиот сопственик веќе ужива во неа.