Кога станува збор за вечера, ви предлагаме лесен оброк од маринирани тиквички, кои ќе ги задоволат сите ваши сетила
Состојки:
две лажици бел вински оцет
две лажици сок од лимон
две чешниња лук
две лажички мајчина душица
третина од чаша маслиново масло
800 гр тиквички
250 гр фета сирење
сол, бибер
Измијте ги тиквичките и исечете ги на подебели прстени. Во сад измешајте маслиново масло, оцет, сок од лимон, мајчина душица, издробен лук, лута пиперка, сол и бибер. Додадете ги тиквичките и оставете да се маринираат 45 минути. Потоа печете ги на скара или во грил тава, по три до четири минути, од секоја страна. Префрлете ги во соодветен сад, прелијте со малку маринада, посипете со изронета фета и послужете веднаш.