EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Убавина

Лето е, а сакате убави и здрави нокти? Еве како да ги заштитите

Ако сте еден од оние кои цел живот имале кршливи нокти или тие почнале да бидат чувствителни со текот на времето и користејќи постојан лак, ова е местото за вас.

Иако она што секогаш ќе ви го препорачаме прво да го правите е консумирање додатоци кои ќе ги заменат вашите витамини или колаген кои ќе се грижат за здравјето на вашата коса, кожа и нокти, постојат и домашни методи што можете да ги користите за да се обидете да им помогнете на ноктите. Без разлика дали се лупат или пукаат, одберете еден од следниве методи за себе и бидете упорни во намерата да го подобрите здравјето на вашите нокти.

Потопување во маслиново масло

Покрај тоа што е познато дека помага да се намали нивото на холестерол и да се врати хидратацијата на кожата, може да ви помогне да имате и поцврсти нокти. Маслиновото масло има способност да навлезе и да ја врати силата на ноктите. Едноставно, натопете ги ноктите во екстра девствено маслиново масло десет минути секој ден и многу брзо ќе ја забележите разликата.

Неделен третман со топло масло и сок од лимон

Ладното маслиново масло не е единственото нешто што ќе направи чуда за вашите нокти. Неговата топла варијанта, кога се меша со свежо исцеден сок од лимон, обезбедува фантастичен негувачки третман за кршливи и кревки нокти. Измешајте малку топло маслиново масло со неколку капки свежо исцеден сок од лимон. Натопете памук во добиената мешавина и ставете го на ноктите и „зацврстете“ со пластична фолија. Отстранете по десет минути. Многу брзо ќе забележите дека вашите нокти се посилни, поздрави и посјајни. И на крај, сокот од лимон може да биде ваш вистински сојузник кога станува збор за разубавување.

Третман со масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво може да се користи за многу намени. Тоа е одличен антисептик и хидратантно средство, па би било добро неколку капки неделно да се нанесуваат на ноктите за да се поправи веќе предизвиканото „оштетување“ на ноктите и да се хидрира кожата околу ноктите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ако се двоумите: Погледнете го LAND ROVER DEFENDER во вистинска акција (видео)

Angela

Голема трагедија: Почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ

Angela

Премиер-лигата ја претстави новата топка за зимската сезона (ФОТО)

Angela