EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Лоши последици од неправилно туширање

Според Сем Цинкир, извршен директор на Este Medical Group, оние кои уживаат во долго туширање се најмногу изложени на ризик на оштетување на влакната на косата, а топлата вода влијае на циркулацијата на крвта како и на целокупното здравје на косата.

„Повеќето луѓе сакаат топло туширање пред или по напорен ден. Тоа може да ни помогне да се опуштиме, но туширањето со премногу топла вода може да предизвика големо оштетување на кожата и на косата. Врелата вода ја успорува циркулацијата, а на темето на главата е потребна добра циркулација за да се поттикне здрав раст на косата“, вели тој за Metro.

Топлата вода, исто така, ја прави косата кршлива и почувствителна на кршење, што може да доведе до губење на косата. Објаснува и дека жешката вода кога ќе ги допре влакната ги отвора порите правејќи го коренот послаб, поради што косата полесно паѓа.

Ако страдате од првут, тој советува дека е добра идеја да ја миете косата со постудена вода.

„Премногу топлата вода ја оштетува косата и предизвикува сушење на кожата, како и создавање на првут“, вели тој.

Според него, косата треба да ја плакнеме со студена вода, тоа ќе ја подобри циркулацијата и ќе ги зачува природните масла на кожата. Може да се туширате со топла вода, но косата плакнете ја со студена вода, советува експертот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Диетата со сурова храна за видливи резултати

Angela

Намалете ја кашлицата со овој едноставен лек

Angela

Придобивки од редовното консумирање банани

Angela