EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Лудило–салата од пиперки во масло и сирење: ова е врв, пробајте

Во топлите, врели и спарни денови кога буквално ништо не ви се јаде, може да ја приготвите оваа освежителна салата со сирење. Со овој рецепт на Валентина Машковиќ ќе добиете две во едно.

„Необичната подготовка на пиперките во масло со маринирано сирење може да ви биде еден цел оброк и друго ништо не ви е потребно. Салатата е освежителна, а притоа заситува. Затоа испробајте го мојот начин и ви гарантирам дека ќе бидете воодушевени.

Оваа салата дома кај мене е една од омилените, а можеби и најомилена, а кога убаво ќе излади, иcчезнува од масата додека да трепнеш“, вели Валентина чија презентација можете да ја погледнете на линкот подолу во текстот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 печени пиперки, 10 печени лути пиперчиња, 1 краставица, 2 моркови, 1 главица лук, 100 г лист од магдонос, 200 г сирење, 2 лажици маслиново масло, 50-100 мл сончогледово масло, оцет алкохолен или јаболков, по вкус. Сол, црн пипер, сув магдонос

ПОСТАПКА: Пиперките најпрво убаво измијте ги, избришете ги да нема влага на нив и испечете ги. Откако ќе подизладат во најлонска кеса, излупете ги ставете ги во еден сад. Не треба да ги цедите од течноста што ќе ја испуштат, зошто токму таа им дава сочност.

Сирењето исечете го на коцки со средна величина или „залак“-големина. Ставете ги во еден сад и наросете го со малку сув магдонос или босилек, мелен црн пипер, наросете ги со маслиново масло (околу 2 лажици), па полека промешајте внимателно за да не го растурите сирењето.

Оставете го на страна. Магдоносот ситно исечкајте го. Морковите и краставицата изрендајте ги во еден сад. Додајте половина од сечканиот магдонос и испасираните или иcтолчените лукчиња. Количината на лукот е по вкус.

Посолете по вкус и зачинете со малку црн пипер. Полејте околу 100 мл масло, а исто така и оцет по вкус. Додајте ја и течноста што ја испуштиле пиперките. Промешајте за да се соединат состојките и маринадата е готова.

Пиперките една по една исчистете ги од семето (сочувајте ја петелката/дршката за која ќе ги држите пиперките), па валкјате ги убаво во маринадата и редете ги во чинијата за сервирање (одберете некоја широка и малку длабока).

Врз маринираните пиперки наредете маринирани коцки сирење. Ова направете го во два реда (ред пиперки-ред сирење). Одозгора наросете го остатокот од магдоност. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МАКЕДОНИЈА УТРОВО ПОД СНЕГ – на овие места трупа снег среде април како да е вистинска зима (ФОТО)

Angela

Бијонсе со моќна порака по смртта на Тина Тарнер: Моја сакана кралице…

Angela

КАКО ДА ИМАТЕ УРЕДНА ФРИЗУРА ШТО ПОДОЛГО? Дознајте кои се најчестите грешки што ги прават жените кога ја средуваат косата!

Angela