Лука Дончиќ беше многу блиску до трипл-дабл учинок (34 поени, 10 скока и 8 асистенции) на пресметката против Шарлот Хорнетс, но и тоа негово издание не беше доволно за победа на Далас.
Домаќините беа „шокирани“ на домашен терен во најлош момент во сезоната (109-117), односно во пресудни моменти кога се борат за место во плеј-оф фазата.
Словенецот се појави на натпреварот со маица со интересен натпис (Се што ми треба е суво месо и ракија) кој дефинитивно насмеа многу луѓе, но на прес-конференцијата Лука објасни дека и тој се соочува со одредени проблеми во прватниот живот кои го спречуваат да биде среќен и ужива во играта.
– Јас сум толку фрустриран. Мислам дека на сите ви е јасно кога ќе ме видите на теренот. Во последно време се чувствувам како да не сум јас, туку дека само стојам на теренот … порано уживав во тоа и се смеев во играта, но сега сум толку фрустриран од многу причини, не само кошаркарски. Многу тоа ми се случува надвор од теренот што е поголемо од кошарката, но не сакам да зборувам за мојот приватен живот, -истакна Дончиќ кој посочи дека мора како тим да се борат пожестоко, ако сакаат да победуваат.
Mavericks’ Luka Doncic expressed that he doesn’t feel the same joy on the court lately. He mentioned there’s “a lot going on” beyond basketball. pic.twitter.com/tgpViirHEo
— Grant Afseth (@GrantAfseth) March 25, 2023