EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Македонија во пламен: 5 активни пожари низ земјава

Денеска (до пладне, 02.08.2021), Ситуациониот центар при Центарот за управување со кризи, согласно известувањата од дежурните Регионали центри за управување со кризи известува за неколку активни пожари во државата и можни заришта:

РЦУК –  Струмица, известува дека шумскиот пожар кај м.в. „Погана“, Општина Валандово, е се уште активен, но е „пресечен“ од силите за гаснење и не се шири. Нема активно горење, само на неколку места има догорување. Целосно е обезбедена линијата со луѓе. Во гаснењето на пожарот учествуваат ТППЕ Валандово со 5 пожарникари и 2 пп возила , 20 лица од Ш.С. Саланџак Валандово и екипа на ДЗС Валандово.

РЦУК – Куманово, известува дека пожарот којшто е во просорот на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, 2 лица од ШС Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер на АРСМ. Во моментот, кон средината на денот, на теренот има ветер со променлив правец, бидејќи дел од пожарот се простира на непристапен терен и има многу суви граники гаснењето на пожарот  е отежнато. Со расположливите средства и луѓе, кои се на терен, се прават максимални напори пожарот да се обиколи и да се стави под контрола за да не дојде до негово проширување.

РЦУК – Охрид, известува дека пожарот, којшто вчера попладне избувна над селото Делогожда, Општина Струга   не  е целосно локализиран затоа што е на непристапен терен и во најголем дел гори сува трева. Екипи од ТППЕ-Струга утрово излегоа на терен и утврдиле дека се уште има малку чад. Тие денес ќе патролираат на терен се со цел да не дојде до негово проширување.

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола во која се наведува дека во 09:30 часот е започнат нов пожар на сува трева на рид над млинот во с. Лознани, Општина Могила. Пожарот се проширува во правец на атари на селата Ивањевци и Новоселани. Во гаснењето на пожарот интервенираат 5 пожарникари со 2 ПП возила. За настанатата состојба известени се ЕЛС Могила, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.

РЦУК – Штип, известува дека од 10:15 часот, ТППЕ Пробиштип се наоѓа на терен кај с. Лезово, месност Воденица, и единицата има интервенција на веќе евидентиран пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација. Инаку, пожарот се повторува во неколку наврати.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се преврте автобус со патници кај Битола

Angela

Дневен хороскоп: Еден знак ќе започне во љубовна врска

Angela

Променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи

Angela