EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Македонија без Барди против Лихтенштајн и Германија

Барди се уште не е опоравен од повредата на задниот бутен мускул која ја здоби на натпреварот против Романија. Тој нема да може да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за мечевите со Лихтенштајн и Германија.

Милевски нема да повика ново име на местото од Барди.

Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот.

Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Македонија на 8. октомври му гостува на Лихтенштајн, а на 11. октомври ја пречекува Германија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На што се „палат“ мажите, кои се нивни ерогени зони

Angela

Корисниците на Инстаграм ќе мора да гo потврдат датумот на раѓање

Angela

2 пози во кои ЖЕШКАТА АКЦИЈА го достигнува својот ВРВ!

Angela