EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Македонија е меѓу земјите со најниска стапка на вонбрачни деца во Европа

Во Северна Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Северна Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13,0%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7, а во Бугарија 59,9 отсто.

Речиси во цела Северна и Западна Европа, поголемиот број од децата биле родени надвор од брак. Процентот на вонбрачни деца е највисок во Исланд (69,4%), во Франција (63,5%) и во Португалија (60,0%).

Во повеќето земји од Источна Европа, тој број е под 30 проценти, а убедливо највисок е во Бугарија (59,9%) и во Чешка (48,5%).

„Ландгеист“ забележува дека продолжува трендот на намалување на стапките на бракови, особено во Северна и Западна Европа, што резултира и со раѓање на бебиња од родители кои не се во брак или во граѓанско партнерство.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сончево со мала локална облачност

Angela

Над 94 илјади граѓани попишани на првиот ден од пописот

Angela

Локални избори: Неделава пристигнуваат првите 250 апарати за отпечатоци од прсти

Angela