EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ – утрово на овие места се уште врне снег без престан од вчера вечерта

Се исполни прогнозата на метеоролозите денеска.

Снег врне на повисоките места низ целата земја, а особено снегот е добредојден во ски центрите во Македонија.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 9 сантиметри, 6 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Лазарополе.

Според видео камерите на „Skimacedonia“ може д а се забележи дека снег утрово се уште врне на Маврово, Попова Шапка, Копанки и Нижо Поле на Пелистер.

Снег има и во Крушево и Пониква, но во моментов таму нема нови врнежи утрово и истите беа само во текот на ноќта.

Снег утрово има и на планината Водно во Скопје, а од УХМР најавуваат нови врнежи во текот на денов и утре.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кардио сепак не е потребно за губење на тежината?

Angela

Каде не смеете да го поставите Wi-Fi рутерот?

Angela

Како сокот од цвекло го подобрува имунитетот?

Angela