EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

МАКЕДОНИЈА УТРОВО ПОД СНЕГ – на овие места трупа снег среде април како да е вистинска зима (ФОТО)

Утрово Македонија е речиси под снег.

На сите повисоки места и планини снегот врне без престан, додека на пониските делови како и во главниот град имаме дожд.

Од она што може да се забележи на видео камерите поставени низ повеќето ски центри во земјава јасно се гледа дека снегот врне и има оформено нова снежна покривка.

Снег во моментов врне во Маврово, Попова Шапка, Копанки, Нижо Поле, Пониква, Крушево…

Маврово
Попова Шапка
Нижо Поле
Копанки

 

Според УХМР времето денска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за 9 ноември: Многу добар ден е пред вас

Angela

Докажано: Чекори што помагаат да се ослободите од масните наслаги

Angela

Утре и задутре е Задушница: Овој грев го прават сите, но немојте и вие – особено една работа мора да направите доколку не отидете на гробишта

Angela