EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Македонија ја клекна на колена Италија

Македонските фудбалери се дефинитивно спортски херои број 1 кои ги побиваат сите теории дека во фудбалот победува тој што е посилен на хартија.

Пишуваме Италија – Македонија 0:1 и не ни се верува и покрај тоа што голот го видовме во живо на стадионот Ренцо Бербера во Палермо. Го даде едно доста познато име во овој град, Александар Трајковски и тоа во 92-ра минута.

Резултат кој за Италија значи нов срам, затоа што по СП 2018, од дома ќе гледаат уште еден Мундијал, втор по ред. За Македонија ова значи нов исторски меч, а тоа е бараж финале кое ќе го игра в понеделник на гости против Португалија која вечерва ја совлада Турција со 3:1.

Поддржана од над 30.000 навивачи, Италија тргна онака како што практикува Роберто Манчини откако ја презеде селекцијата и ја направи европски шампион, а тоа е напаѓачкиот фудбал.

Но формацијата на Боби Милевски со четворица во одбрана (Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски), добро се држеше и успешно ги расчистуваше налетите.

Нашите фудбалери делуваа малку импресионирани, но сепак цврсти, а првите закани пристигнаа по 20 минути игра од страна на Берарди и Имобиле.

10 минути подоцна речиси цел стадион потскокна кога Столе Димитриевски направи грешка и во обид да исфрли една топка, му ја подаде на Берарди, но тој не биеше доволно силно во гол.

До крајот на првиот дел, Италија немаше шанси, а нашиот национален тим не успеа да создаде сериозна акција за гол.

Чурлинов искористи една грешка, но беше спречен во трк од Флоренци, а во последната минута првиот обид го имаше Трајковски кој биеше над гол од преку 20 метри.

Италијанците продолжија да притискаат и во второто полувреме, но капитенот Стефан Ристовски успешно ја командуваше македонската одбрана.

Меѓу неколку опасни удари кои обично завршуваа надвор од рамките на голот, најсериозната прилика во петерецот ја расчисти Алиоски.

По точно еден час игра Милевски направи две измени и на местото на Адеми кој не е спремен за 90 минути и Бобан Николов кој излезе со болки, влегоа Ашковски и Спировски. Подоцна се реши нападот да го освежи со Миовски место Милан Ристовски, а одбраната со Кире Ристевски место Велковски.

Во судиското продолжение од нигде никаде, Александар Трајковски со проектил го отпиша европскиот првак. Повторно истиот играч кој пред 5 години стрелаше и во Торино за оние 1:1. Неверојатно.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

До крајот на јуни доаѓаат нивните 5 минути: Два хороскопски знаци нема да знаат што да прават од толку изненадна среќа

Angela

Ја имаат само 43 луѓе во светот: Златна крв – најретката крвна група

Angela

Влаховиќ одби историски договор со Фиорентина

Angela