EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

МАКЕДОНКАТА ЗНАЕ КАКО „ДА МУ ВРАТИ“: Поранешната на Огнен Амиџиќ провоцира во бикини покрај базен, едно е сигурно – по разводот е непрепознатлива!

Манекенката Даниела Димитровска е во фокусот на јавноста откако објави дека се развела од долгогодишниот партнер Огњен Амиџиќ.

Како круна на нивната љубов тие го имаат синот Матеј, а разводот поминал мирно и без скандали. По разделбата, Даниела стана поактивна на социјалните мрежи, па јавноста е поинформирана во однос на нејзиниот социјален живот. Неодамна, таа беше во Будва, па убавата манекенка ги почести своите придружници со фотографии од престојот.

Даниела се фотографирала покрај базен на зајдисонце. На фотографијата таа носи сребрен светкав фустан што го искомбинирала со сандали со циркони. Според мислењето на многумина, таа никогаш не изгледала подобро. А, имаше и коментар дека секоја следна девојка на нејзиниот бивши сопруг мора да има храброст, алудирајќи на новата млада девојка на водителот Огњен Амиџиќ.

Покрај оваа фотографија, по доаѓањето во Будва, Даниела објавила и фотографија во костум за капење, која исто така наиде на пофалби. Луѓето ѝ порачале дека таа е најубавата манекенка, а исто така ја прашале што барала една ваква убавица со Амиџиќ. Даниела не одговорила на реакциите, туку само навела дека одлично си поминува на црногорското приморје.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Најголеми невистини кои МАЖИТЕ ги мислат за жените

Angela

Црвен аларм: Знаци дека се однесувате како да сте му мајка, а не партнерка

Angela

Боровинките го намалуваат ризикот од проблеми со срцето

Angela