EXCLUSIVE MK
Економија

Македонската народна банка објави повик за трудови од монетарната политика и макроекономијата

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 46. сесија на „Клубот на истражувачите“.

Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 март 2023 година (вторник), се вели во соопштенито до медиумите.

Трудовите, како што појаснуваат, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

На 30 март 2023 година (четврток) ќе се одржи 46. сесија на „Клубот н истражувачите“, во просториите на народната банка.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Франција ги замрзна цените на гасот до крајот на 2022 година

Angela

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците во услови на топлотен бран

Angela

Колку изнесува бројот на милионери ширум светот?

Angela