EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато СПОРТ

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со највисок личен рејтинг во кариерата

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски, продолжува да напредува и на најновото АТП рангирање го има најдобриот пласман во досегашната кариера.

Калин има 86 поени што во случајот му донесе скок од две места и сега тој е 475 рекет на светот. Освен него во позитивна насока се движат и останатите македонски тенисери, поточно сите напредуваа по две место, а тоа се Обрад Марковски, Горазд Србљак, Берк Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов.

Во конкуренција на двојки, најдобар наш тенисер е Марковски на 946 позиција, најголем пад на листата доживеа Србљак кој се лизна дури 214 места (1128).

Кога е во прашање самиот врв, Алкараз со славјето во Индијан Велс го презема првото место од Ѓоковиќ, во првата петка се уште Циципас, Руд и Медведев.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НА ОВА МЕСТО ТРУПАШЕ СНЕГ ЦЕЛА НОЌ – среде пролет вистинска зимска идила и десетина сантиметри снег (ФОТО)

Angela

Работи кои мажот би требало да ги направи кога жена ќе иницира контакт со очи

Angela

Јунешкото од 390 се качи на 510 денари за килограм, а свинското е поскапено за 20 отсто

Angela