EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Мали нешта за покажување голема љубов

Малите нешта секогаш оставаат голем впечаток. Ова особено важи за врските, во кои најмалите гестови можат да покажат големо внимание и искрена љубов. Ова е листа на неколку мали, но значајни нешта кои можете да ѝ ги „подарите“ на партнерката правејќи таа да се чувствува посебно.

Помагајте ѝ со товарот

Секогаш помагајте и на вашата сакана со нејзиниот товар, бидејќи ретко која девојка „обожава“ да се килави. Таа ќе ви биде многу благодарна, а вие ќе испаднете прав џентлмен

Делете ѝ комплименти без разлика на нејзиното моментално издание

Покажете и дека ја сакате во секакво светло или расположение. Без разлика дали таа е облечена во тренерки и обична маичка, укажете и дека сè уште ви е атрактивна и секси, а таа со сигурност нема да остане рамнодушна.

Пазарете самоволно, без таа да ве тера

Кога ќе забележите дека сте го испиле млекото или пак нема ни зрно кафе, појдете и набавете ги намирниците кои ви недостасуваат. Кога самоиницијативно го правите ова, таа ве сака уште повеќе.

Сослушувајте ги нејзините проблеми

По стресниот ден разговорот со партнерот е секогаш вентилот за опуштање и растеретување од нервозата. Оставете ја да ги искаже своите маки и проблеми, а вие сослушајте ја и доколку можете дадете ѝ совет. Жените го сакаат тоа.

Превезувајте ја доколку сте во можност

Од јавниот превоз, на сите им доаѓа да збеснат и да викаат на цел глас. Понудете ѝ да ја превезете или земете од негде. Нејзиното чувството на олеснување како резултат на избегнувањето на градскиот метеж и гужвата во автобусите ќе биде голем благодет за вас.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Значењето на ЦВЕЌИЊАТА во букетот:

Angela

И НЕВЕРНИЦИТЕ ПРЕСТАНАЛЕ ДА СЕ СОМНЕВААТ – во сабота на големиот празник погледнете кон небото, желбите се остваруваат само под еден услов!

Angela

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба

Angela