EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Марјановиќ повторно на суд: Осуден е на 40 години затвор за убиство на пејачката Јелена, има жалби на пресудата

Апелацискиот суд во Белград ја продолжи седницата за разгледување на жалбите на првостепената пресуда со која Зоран Марјановиќ беше осуден на 40 години затвор за тешкото убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ на 2-ри април 2016-та година.

Судијката известувач продолжи да ја чита првостепената пресуда напишана на 698 страници, а на денешната седница треба да ги прочита последните 100 страници.

Потоа жалбите на првостепената пресуда ќе ги изнесат адвокатите на одбраната Вељко Делибашиќ, Стефан Јокиќ, Никола Думниќ и Александар Зариќ.

Во средата, судијата известувач ги прочита деловите од разговорот на Марјановиќ со припадниците на полицијата кога го пријавил исчезнувањето на сопругата, како и изјавите на сите сведоци и членови на семејството кои имале сознанија за овој настан.

Беа прочитани и изјавите на повеќе експерти за базни станици, резултати од траги од крв, примероци од почвата каде што е пронајдена Јелена Марјановиќ и многу други наоди и мислења на експерти.

Марјановиќ беше донесен од притвор, каде што се наоѓа од изрекувањето на пресудата, на 15 јули минатата година.

Апелацискиот суд ги разгледува жалбите на бранителите на Марјановиќ, а обвинителството не поднесе жалба, бидејќи е задоволно од пресудата, но испрати одговори на сите жалби.

Обвинителството му предложи на судот Марјановиќ да биде осуден на максимална затворска казна за кривичното дело тешко убиство, односно 40 години, на која и беше осуден.

Марјановиќ од почетокот на судењето тврдеше дека не ја убил сопругата, но тој одби да одговори на прашањата на обвинителството за време на судењето.

Тој се бранеше од 12 јуни 2018 година, откако Апелациониот суд му го укина притворот во кој беше задржан 10 месеци.

Тој беше уапсен на 15 септември 2017 година, година ипол по убиството.

И пред тоа беше приведен, но по сослушувањето во полиција и земање полиграф, поради немање докази беше пуштен на слобода.

Пред апсењето тој во неколку наврати во медиумите зборуваше за убиството, а учествуваше и во телевизиско реално шоу.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

УХМР најавува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Angela

Нови цени на горивата

Angela

Исплатени над 866 милиони денари за субвенции

Angela