EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА

Маск и Цукерберг „си спуштаат“ додека борбата во кафез чека

Марк Цукерберг го прозва Илон Маск дека ја избегнува планираната борба во кафез, велејќи дека „Илон не е сериозен и време е да се заборави целата работа“.

Маск брзо одговори нарекувајќи го Цукерберг „пиленце“.

„Тој не може да јаде во Chic fil-A (ресторани за брза храна кои служат пилешко), бидејќи тоа би било канибализам“, напиша Маск на својата социјална мрежа X.

Расправијата започна во саботата вечерта, откако Цукерберг напиша на Threads, неговата нова апликација која ѝ конкурира на X на Маск, порано Twitter, дека е подготвен да се бори, но дека Маск одолговлекува.

„Прво, Илон никако да го потврди датумот, потоа вели дека мора на операција, а сега бара да вежба во мојот двор. Кога ќе стане сериозен и ќе предложи место и време, знае како да дојде до мене“, Цукерберг кажа.

Магнатите на социјалните мрежи од јуни меѓусебно се наговараат на физичка пресметка со мешани боречки вештини. Сензацијата започна кога Маск на 20-ти јуни напиша дека е „подготвен за борба во кафез“ со Цукерберг, кој тренира џиу-џицу.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Непланирани трошоци за Водолијата, Рибите да избегнуваат алкохол

Angela

Анѓелка Прпиќ избра УНИКАТНО име за својата ќерка, еве во какво креветче ќе спие новороденчето

Angela

Нова авиолинија Скопје-Женева три пати неделно

Angela