EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

МЕГА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА – од полноќ еве колку ќе чини литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 6.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,946 %, кај дизелот за 4,784%, кај екстра лесното масло за 4,793% и кај мазутот има зголемување за 1,892%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,224%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)  се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,505 ден/кг и сега ќе изнесува 41,079 ден/кг.

Од 11.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 95                              84,50 (денари/литар)

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 98                              87,00          (денари/литар)

Дизел гориво                         ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                     74,00 (денари/литар)

Масло за горење                  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                      41,079 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Обединетите Арапски Емирати ги забранија комерцијалните дронови

Angela

Во пожарите во Турција досега загинаа четири лица, евакуирани стотици лица

Angela

Рио де Жанеиро мора да му плати 673.000 долари на Ѓоковиќ

Angela