Медот го решава проблемот!
Истражувањата на научниците од Дубаи покажува дека лажичка мед, за разлика од онаа што е полна шеќер, го снижува нивото на шеќер во крвта.
Клучно е тоа што медот не предизвикува заштитните ќелии во мозокот т.н. гли ќелии да го предизвикаат запирањето на работата на пумпите“, па мозокот и понатаму ја прима нормалната количина енергија и работи оптимално.
Што точно да се направи?
Не заборавајте дека со секој изеден грам шеќер добивате два грама телесна маст. Од исхраната исфрлете ги сите шеќери и вештачки засладувачи, вклучувајќи ги оние скриени во преработената храна (слатки и солени јадења)
Наместо тоа, започнете го денот со една или две лажички мед во шолја вода, не врела, млака. Потоа користете го медот во чај или кафе. Медот е отприлика двапати посладок од шеќерот, така што ќе треба да ставате половина помалку.
Централното место на овој план е денот да го завршите со мед (една или две лажички мед во топла вода ), и тоа 30 минути пред да си легнете во кревет. Така телото ќе функционира на оптимално ниво и подобро ќе го согорува масното ткиво.
Но, сепак не претерувајте – премногу мед ќе го подигне нивото на шеќер во крвта, а со тоа и нивото на инсулин, и така ќе ја поништите сета корист.