EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Црна хроника

Мечка истрчала на автопатот Тетово-Скопје и предизвикала сообраќајна незгода

Фактот дека зимскиот период е зад нас и природата се буди беше докажан и со невообичаен настан на автопатот Тетово – Скопје.

Според соопштението на МВР, на 27 март, околу 40 минути после полноќ, пријавено е дека во близина на Карпалак се случила сообраќајна незгода во кое патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски таблички удрио и усмртило мечка која заталкала во урбаната средина.

Зад воланот на возилото бил 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за да му се укаже прва помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Photo by Nagy Szabi on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Луѓето родени во мај се поделени во 4 групи: Еве кои особини ги красат и каков живот живеат

Angela

Како да се однесувате на првиот состанок?

Angela

ДНК анализата на косата на Бетовен открила тајна речиси 200 години по неговата смрт

Angela