Водителката Јована Јеремиќ откри како звучи нејзината прва песна наречена „Ролекс“ и покажа дел од кореографијата што го придружува нејзиниот иден хит.
Таа објави дел од песната на Инстаграм, а премиерата ја најави во емисијата на Амиџиќ.
Јеремиќ рече дека ќе ги запали социјалните мрежи:
-Мега ексклузивна „Ролекс“ кореографија која ќе ги запали социјалните мрежи. Ова е делот од мојата прва песна и кореографија што сите ги чекавте. Еј, без лутење! Не го правам тоа секој ден. Еднаш на два месеци е време за пожар на социјалните мрежи – напиша Јована и објави видео каде заводливо ги движи колковите и на крајот од видеото направи шпага.
View this post on Instagram