EXCLUSIVE MK
Кошарка СПОРТ

МЗТ Скопје на чекор до обезбедување опстанок со победа над Задар

Македонскиот шампион МЗТ го победи Задар (84:80) во рамките на АБА лигата, со што барем теоретски ги задржува шансите за опстанок во најквалитетната регионална лига.

Првиот период донесе двоцифрена предност за нашиот претставник, цо вториот МЗТ стигна и до плус 23, но замина на полувреме со плус 13.

Хрватскиот тим го подигна нивото во продолжение и почна да ја топи предноста, последниот период започна со плус шест, а во завршницата гостите дојдоа на минус два, но не успеаја да комплетираат пресврт.

Кефи со 21 и Миќовиќ со 15 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, додека кај Задар, Божиќ уфрли 21 поен.

МЗТ мора да оствари уште две победи до крајот на сезоната, но и да чека порази на Борац за обезбедување опстанок во првата АБА лига.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Неуромедика поддржувач на македонскиот фудбал во Порто: Одиме на СП (фото + видео)

Angela

Шоу на Јокиќ: Парадата е в четврток? О, не, требаше в четврток да бидам дома (ВИДЕО)

Angela

Влаховиќ одби историски договор со Фиорентина

Angela